Вашето урбано огниште во нашиот станбено-деловен комплекс Gazela business and living ќе ви овозможи среќно и бесгрижно домување. Со својата локација ќе ви овозможии непречено и лесно функционално живеење на Вас и Вашите најмили.
Паркинг просторот е решен со обезбедени 56 партер (надворешни) паркинг места и 92 гаражни паркинг места на ниво -1 за кои е овозможен посебен еднонасочен влез и излез. Целокупната грижа на станари е заокружена со обезбеден паркинг простор за велосипеди.
Досегашното успешно опстојување на ГЛОБАЛ ИМПАЦТ ДООЕЛ во градежниот сектор им овозможува на нашите клиенти соработка со сите деловни банки во нашата земја.
Станбените ламели содржат вкупно 64 станвени единици со квадратура од 27 м2 до 80м2 (гарсоњери, двособни и трособни единици), а за секоја станбена единица е обезбедена и остава која дополнително ќе го олесни Вашиот комфор и начин на живеење.
На приземјето на овој дел се наоѓаат и 10 самостојни повеќенаменски локали.
Ламелата на деловната зграда располага со 10 самостојни специјализирани административни единици.